Прескокни до содржината

Правни информации

Колачиња

Брза Фактура ги користи само колачињата што ѝ се потребни за да работи. Нема колачиња за рекламирање ниту за следење.

Последна измена: 15.11.2026

Што се колачиња

Колаче е мала датотека што веб-страницата ја зачувува во вашиот прелистувач, за да ве препознае на следната страница или при следната посета.

Колачињата што ги користиме

Сите се неопходни за страницата да работи или за да запамети избор што сте го направиле, па за нив не е потребна ваша согласност:

ИмеЗа што служиКолку трае
access_tokenВе држи најавени.7 дена
refresh_tokenЈа обновува вашата сесија без повторно да ја бара лозинката.7 дена
localeГо памети јазикот што сте го избрале.1 година
themeПамети дали сте избрале светла или темна тема.1 година
selected_organization_idПамети во која фирма работите (складиште на прелистувачот, не е колаче).Додека не се одјавите

Други страни

  • Најава со Google: на страниците за најава и за регистрација го вчитуваме копчето за најава на Google. Таму Google може да постави свои колачиња.
  • Google Calendar: календарот за закажување на страницата „Закажи состанок“ се вчитува дури откако ќе го притиснете копчето за да го прикажете. Тогаш Google може да постави свои колачиња.

Како да управувате со колачињата

Колачињата може да ги избришете или да ги блокирате во поставките на вашиот прелистувач. Ако ги блокирате неопходните колачиња, нема да може да останете најавени.

Со Брза Фактура управува Synadra.

Може да стигнете до нас преку страницата за контакт.